Судии 18:12-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Тргнаа и се влогорија во Киријат-Јарим во Јуда. Затоа тоа место се вика до денешниот ден Махане-Дан (Данов Логор), а се наоѓа западно од Киријат-Јарим.

13. Оттаму се запатија во Ефремовата Гора и дојдоа до Михината куќа.

14. А оние петмина, кои беа отишле да ја согледуваат земјата, им рекоа на своите браќа: „Знаете ли дека во куќава имаат наплеќник, терафим и леан кип. Сега внимавајте што ќе правите.”

15. Завртувајќи, тие влегоа во куќата на младиот левит, во Михината куќа, и го поздравија.

Судии 18