Судии 17:7-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Беше еден млад човек од Витлеем во Јуда, од Јудиното племе; беше левит и престојуваше таму како придојденик.

8. Тој човек си отиде од градот Витлеем, во Јуда, за да се настани во некое згодно место како придојденик. Патувајќи дојде до Михината куќа во Ефремовата Гора.

9. Миха го праша: „Од каде доаѓаш?” „Јас сум левит од Јудиниот Витлеем - му одговори тој - и патувам да се настанам некаде.”

10. ”Остани кај мене - му рече Миха - и биди ми татко и свештеник, а јас ќе ти давам по десет сребрени сикли годишно, облека и храна.” И левитот влезе.

Судии 17