3. И Миха и врати илјада и сто сребрени сикли. А мајка му му рече: „Тие сребреници Му ги посветив на Господа од својата рака за тебе, сине мој, за да биде изработен за тоа режан или леан лик. И еве, затоа ги давам.”
4. Мајката зеде двеста сребрени сикли и му ги даде на златарот. Тој направи од нив режан и леан кип, што го поставија во Михината нова куќа.
5. Тој му изгради светилиште, потоа направи ефод (наплеќник) и терафим (куќни идоли) па посвети еден од своите синови за да му биде свештеник.
6. Во тоа време немаше цар во Израел, и секој работеше што сакаше.