Судии 13:22-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. ”Без друго ќе умреме - и рече на жената - зашто Го видовме Бога.”

23. ”Ако Господ сакаше да нè умртви, - му одговори жената - не ќе ги примеше паленицата и лебниот принос од нашата рака, не ќе ни го покажеше сè тоа ниту ќе нè оставеше да чуеме нешто такво.”

24. Жената роди син и му го даде името: Самсон. Детето порасте, и Господ го благослови.

25. И Господовиот Дух почна да дејствува во него во Дановиот логор, меѓу Сараја и Естаол.

Судии 13