Софонија 3:12-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. зашто ќе оставам во твојата средина скромен и сиромашен народ, и во Господовото име ќе бараш закрила.

13. Остатокот Израелев веќе нема да прави неправда, не ќе зборуваат веќе лаги; во нивните усти не ќе се најде веќе измамлив јазик. Ќе можат да пасат и да се одмараат и никој не ќе им пречи.”

14. Воскликнувај од радост, Сионска Ќерко, викај од веселба, Израеле! Весели се и радувај се од сè срце, Ерусалимска Ќерко!

15. Господ те ослободи од твојата пресуда, ги отстрани Твоите непријатели! Господ, Израелевиот Цар, е во твојата средина! Не бој се веќе од зло!

Софонија 3