Софонија 2:13-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Потоа ќе ја подигне Својата рака против Север и ќе ја разруши Асирската Земја, од Нинивија ќе направи урнатини, суво место како пустина.

14. Среде неа ќе лежат: стадото, и секакви ѕверови на народите: чапли и ежови ќе почиваат ноќе на главчињата на столбовите, гласот нивни ќе ѕвечи на прозорците, и ќе оголи сè што е од кедрова направа.

15. Тоа ли е веселиот град, што живееше во мир, кој зборуваше во своето срце: „Јас и единствено јас!” Гледај, стана урнатина, ѕверско дувло! Сите, кои поминуваат покрај него, свират со устата и мавтаат со рацете.

Софонија 2