1. Ноемина имаше роднина по мажот, човек многу имотен, од Елимелеховото семејство: се викаше Воз.
2. Тогаш Моавката Рута и рече на Ноемина: „Сакам да одам во полето за да доприбирам класови по оној, кај кого ќе најдам милост.” Таа и одговори: „Појди ќерко моја!”
3. И отиде, дојде во полето па почна да доприбира зад жетварите. А среќата ја доведе во полето, што му припаѓаше на Воз, од Елимелеховиот род.
4. И ете, дојде Воз од Витлеем. „Господ да е со вас!” - ги поздрави тој жетварите. А тие му одговорија: „Господ да те благослови!”
5. Воз му рече тогаш на момокот што ги надгледуваше жетварите: „Чија е онаа млада жена?”
6. А момокот, кој беше над жетварите, одговори: „Тоа е младата Моавка што дојде придружувајќи ја Ноемина од Моавските Полиња.