Рут 1:19-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Така заедно одеа додека не дојдоа во Витлеем. А кога дојдоа во Витлеем сиот град се возбуди заради нив. „Ма, ова ли е Ноемина?” - (Пријатна) прашаа жените.

20. А таа им одговараше: „Не викајте ме веќе Ноемина, туку викајте ме Мара (Горчлива), зашто Сèдржителот ме исполни со горчина!

21. Оттука заминав со полни раце, а сега Господ ме враќа со празни раце. Зошто ме викате Ноемина кога Господ посведочи против мене, и Сèмоќниот ме завитка во тага?”

22. Така се врати Ноемина со Моавката Рута, со својата снаа, од Моавските Полиња. Стигнаа во Витлеем токму кога почна жетвата на јачмен.

Рут 1