Римјаните 8:19-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Зашто сето создание со нетрпелив копнеж го очекува откривањето на Божјите синови -

20. имено, созданието и беше потчинето на суетата, не доброволно, туку од оној, кој го потчини - во надеж

21. дека и самото создание ќе биде ослободено од ропството на распаѓањето; во слобода на славата на Божјите деца.

22. Имено, знаеме дека целото создание заедно воздивнува и страда во родилни маки досега.

23. И не само тоа, туку и ние, кои го имаме Духот како прв дар; ние самите воздивнуваме во себе чекајќи го посинувањето: откупувањето на нашето тело.

Римјаните 8