Римјаните 8:12-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Според тоа, браќа, не сме му должници на телото, за да живееме по телото.

13. Зашто, ако живеете по телото, ќе умрете; но ако преку Духот ги умртвувате телесните дејства - ќе живеете.

14. Сите оние, кои ги води Божјиот Дух - тие се Божји синови.

15. Имено, не го примивте духот на ропството, за да бидете пак во страв, туку го примивте Духот на посинувањето, со кој викаме: „Ава - Татко!”

16. Самиот Дух сведочи заедно со нашиот дух дека сме Божји чеда.

17. Ако сме чеда, тогаш сме и наследници: Божји наследници, а Христови сонаследници - ако страдаме со Него, со Него и да се прославиме.

Римјаните 8