Римјаните 7:21-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. И така, го наоѓам овој закон: дека кога сакам да правам добро, злото е близу.

22. Вистина, со мојот внатрешен човек наоѓам наслада во Божјиот Закон,

23. но, гледам друг закон во моите членови, кој војува против законот на мојот ум, и ме заробува под законот на гревот, што е во моите членови.

24. Беден човек сум јас! Кој ќе ме спаси од ова смртоносно тело!

25. Му благодарам на Бога преку Исуса Христа, нашиот Господ!

26. И така, јас самиот со умот му служам на Божјиот Закон, а со телото на законот на гревот.

Римјаните 7