Римјаните 4:4-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. А на оној, кој работи, платата не му се засметува по милост, туку по долг;

5. додека на оној, кој не работи, а верува во Оној, Кој го оправдува безбожникот, неговата вера му се засметува за праведност,

6. така и Давид го наречува блажен човекот, кому Бог му ја засметува праведноста без дела:

7. ”Блажени се оние, чии беззаконија се простени и чии гревови се покриени!

8. ”Блажен е човекот, кому Господ не му засметува грев!”

Римјаните 4