Римјаните 3:13-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Нивното грло е отворен гроб, измамуваат со јазиците; змиски отров е под нивните усни.

14. Устата им е полна со клевета и горчина.

15. Нозете им се брзи за пролевање крв;

16. запустување и беда се по нивните патишта;

17. тие не го познаваат патот на мирот.

18. Нема Божји страв пред нивните очи.”

19. А знаеме дека сè што вели Законот, им го зборува на оние, кои се под Законот, за да занеми секоја уста и за да биде целиот свет виновен пред Бога,

20. зашто со делата на Законот ниедно тело нема да се оправда пред Него; зашто преку Законот доаѓа самото познавање на гревот.

Римјаните 3