Римјаните 2:6-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Кој ќе му даде секому според неговите дела:

7. на оние, кои со трпение прават добро и бараат слава, чест и непропадливост - вечен живот;

8. а на оние, кои се противаат и не и се покоруваат на вистината, а се покоруваат на неправдата - гнев и јарост.

9. Неволја и мака на секоја човечка душа, која прави зло; а најпрвин на Јудеец, па и на Грк!

10. А слава, чест и мир за секого, кој прави добро; а најпрвин на Јудеец, па и на Грк!

11. Зашто Бог не гледа на лице.

12. Зашто, кои згрешиле без Закон, без Закон и ќе загинат; а сите кои згрешиле под Закон, според Законот ќе бидат осудени.

Римјаните 2