Римјаните 16:22-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. Ве поздравувам во Господа јас, Тертиј, кој го напиша ова писмо.

23. Ве поздравува Гај, домаќинот мој и на целата црква. Ве поздравуваат градскиот благајник Ераст и братот Кварт.

24. Благодатта на нашиот Господ Исус Христос да биде со сите вас!

25. А на Оној, кој може да ве утврди преку моето Евангелие и проповедта за Исуса Христа, преку откровението на тајната, за која се молчеше од вечни времиња;

26. а сега се јавила и по заповедта на вечниот Бог, а преку пророчките списи, соопштена на сите народи, приведувајќи ги кон послушност на верата,

Римјаните 16