Римјаните 14:10-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. А ти, зошто го осудуваш својот брат? Или ти, зошто го презираш својот брат? Зашто, сите ќе застанеме пред Христовиот судски престол,

11. зашто е напишано: „Јас Сум жив - вели Господ - Мене ќе Ми се поклони секое колено; и секој јазик ќе Го исповеда Бога.”

12. И така, секој од нас ќе одговара пред Бога за себе.

13. Затоа, да не се осудуваме веќе еден друг, туку подобро да мислиме за тоа: никој да не поставува пред братот сопки или соблазни!

14. Знам, и уверен сум во Господа Исуса, дека ништо не е нечисто само по себе, туку само за оној, кој смета дека нешто е нечисто - нему му е нечисто.

15. Зашто, ако се жалости твојот брат заради јадење, ти веќе не постапуваш според љубовта. Не погубувај го со твоето јадење оној, за кого Христос умрел.

16. И така, не дозволувајте да се хули на вашето добро!

17. Зашто Божјото Царство не се состои во јадење и пиење, туку во правда, и мир и радост во Светиот Дух.

18. Имено, кој со ова Му служи на Христа, угоден Му е на Бога и мил им е на луѓето.

Римјаните 14