28. Со оглед на Евангелието, тие се непријатели заради вас, но по изборот возљубени се, заради татковците.
29. Зашто Божјите дарови и Неговиот позив не го познаваат каењето.
30. Како што и вие му бевте некогаш непокорни на Бога, а сега добивте милост поради нивното непокорство,
31. така и тие станаа сега непокорни, заради вашето помилување, за да бидат и тие помилувани.
32. Зашто Бог ги затвори сите во непокорство, за да покаже милост кон сите.