Римјаните 11:17-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Ако се откршени некои гранки, и ти, кој си дива маслинка, си накалемен меѓу нив и си станал соучесник во сочниот корен на маслинката,

18. не фали се пред гранките! Ако се фалиш, знај дека ти не го носиш коренот, туку коренот - тебе!

19. Но ќе речеш: „Гранките се откршени, за да бидам јас прикалемен!”

20. Добро! Поради неверието се откршија, а ти стоиш преку верата.

21. Не гордеј се, туку бој се! Зашто, ако Бог не ги поштеди природните гранки, не ќе те поштеди ни тебе.

Римјаните 11