Римјаните 11:12-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Ако нивното сопнување значи богатство за светот, а нивното отпаѓање богатство за народите, колку повеќе ќе биде нивната полнота!

13. Но ви зборувам вам, народи; бидејќи сум апостол на народите, јас ја прославувам мојата служба,

14. та на некој начин да го поттикнам на ревност својот род и да спасам некои од нив.

15. Зашто, ако нивното отфрлање е помирување за светот, какво ли ќе биде нивното примање, ако не живот од мртвите?

16. Ако се свети првите плодови - и тестото е; ако е коренот свет - и гранките се.

Римјаните 11