Римјаните 10:8-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Но што зборува таа: „Словото е близу до тебе, во твојата уста и во твоето срце,” односно, словото на верата, која ја проповедаме.

9. Зашто, ако со твојата уста исповедаш, дека Исус е Господ и ако во твоето срце поверуваш, дека Бог Го воскреснал од мртвите, ќе бидеш спасен.

10. Зашто со срцето се верува за праведност, а со устата се исповедува за спасение,

11. зашто Писмото вели: „Секој, кој верува во Него, нема да се засрами.”

12. Но нема разлика меѓу Јудеец и Грк; зашто еден и ист е Господ на сите; богат за сите, кои Го повикуваат,

13. зашто: „Секој, кој ќе го повика Господовото име, ќе се спаси.”

14. Но, како ќе Го повикаат Оној, во Кого не поверувале? А како ќе поверуваат во Оној, за Кого не чуле? А како ќе чујат без проповедник?

Римјаните 10