Псалми 99:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господ царува - нека треперат народите; седи над херувите, нека се потресе земјата!

2. Господ е велик на Сион, возвишен над сите народи.

3. Нека го слават Твоето велико и страшно име: тоа е свето!

4. Ти си моќен Цар, Кој љубиш што е право, Ти ја утврди праведноста; Ти извршуваш правда и справедливост во Јакова.

5. Возвишувајте Го Господа, нашиот Бог, поклонувајте се пред Неговото подножје. Тоа е свето.

Псалми 99