3. кажувајте им ја на многубошците Неговата слава, на сите народи Неговите чуда.
4. Зашто Господ е велик, предостоен за фалба, пострашен е од сите богови!
5. Ништожни се сите богови на народите. Господ ги создаде небесата!
6. Пред него се: славата и величието, силата и красотата во Неговото Светилиште.
7. Дајте Му на Господа, племиња на народите, дајте Му на Господа, слава и сила!
8. Дајте Му ја на Господа славата на Неговото име! Принесете жртви и влезете во Неговите дворови,
9. поклонете Му се на Господа во сјајот на Неговата светост. Трепери пред Неговото лице, цела земјо!
10. Нека се зборува меѓу многубошците: „Господ царува!” Затоа вселената е цврста и нема да се измести, праведно управува со народите.
11. Веселете се, небеса, и радувај се земјо! Нека шуми морето и што е во него!