Псалми 91:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Ти, Кој живееш под покрив на Сèвишниот, што се одморуваш во сенката на Сèдржителот,

2. речи му на Господа: „Прибежиште мое! Тврдино моја! Боже мој, на Кого се надевам!”

3. Зашто Тој ќе те ослободи од примката на ловецот, од гибелниот помор.

4. Ќе те заштити со Своите крила, и ќе се засолниш под Неговите крила. Неговата вистина е штит и закрила!

Псалми 91