Псалми 90:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Молитва на Мојсеј, Божји човек. Господи, Ти ни беше засолниште од род до род.

2. Пред да се родат планините, пред да суштествуваат копното и земскиот круг, од век до век, Боже, Ти си!

3. Смртниците ги враќаш во прав и велиш: „Вратете се, човечки чеда!”

4. Зашто илјада години во Твоите очи се: како вчерашниот ден што помина и како ноќната стража.

5. Ги растеруваш како утрински сон, тие се како трева, што се зеленее:

6. наутро цвета и сета се зеленее, а навечер се суши и вене.

Псалми 90