Псалми 9:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За пејачкиот началник, според напевот: „Умри за синот!” Давидов псалм. Ќе Те славам, Господи, со целото свое срце; ќе ги раскажувам сите Твои чудесни дела!

2. Ќе се радувам и ќе се веселам во Тебе, ќе Му пеам на Твоето Име, Сèвишни!

3. Моите непријатели се вратија назад, паднаа и загинаа пред Твоето лице.

4. Зашто Ти ги заштити моето право и моето дело, Ти седна на престолот и пресуди праведно:

5. ги изобличи народите, ги истреби нечесните, им го избриша името, за вечни векови.

6. Непријателите исчезнаа - запустени засекогаш; Ти им ги разурна градовите - и споменот им го снема.

7. Но Господ царува секогаш, го подготви Својот престол за судење.

8. И ќе му суди на целиот свет со правда, ќе ги осуди народите справедливо.

9. Господ е засолниште на угнетуваните, тврдина на спасението во тешки денови.

10. Во Тебе се надеваат оние, кои го знаат Твоето Име, зашто не ги оставаш оние, кои Те барат Господи!

Псалми 9