Псалми 89:34-40 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

34. Нема да го нарушам Мојот Завет и не ќе го одречам Моето ветување.

35. Еднаш се заколнав во Мојата светост: нема да го измамам Давида.

36. Неговото потомство ќе остане довека, неговиот престол, пред Мене, како сонце.

37. Ќе остане довека како месечина, верен сведок на небото.”

38. А сега Ти го одби и го отфрли, многу се разгневи на својот помазаник.

39. Го презре Сојузот со Твојот слуга, и ја понизи до земја неговата круна.

40. Ги разурна сите негови ѕидови, ги фрли во урнатини неговите тврдини.

Псалми 89