Псалми 89:29-33 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

29. Ќе го направам вечно неговото потомство, и неговиот престол како небесен ден.

30. Ако неговите синови го остават Мојот Закон и не одат според Моите наредби;

31. ако ги престапат Моите одредби и не ги чуваат Моите заповеди;

32. со прачка ќе го казнам нивното недело, со лути ударци нивната вина,

33. но нема да му ја одземам Мојата наклоност, ниту ќе ја прекршам Мојата вистина.

Псалми 89