Псалми 83:6-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Шаторите на Едом и Исмаилците, Моавците и Агарјанците,

7. Гевал, Амон и Амалик, Филистимците со жителите на Тир.

8. И Асирците се здружија со нив, им подадоа рака на Лотовите потомци.

9. Направи им како на Мадијамците, како на Сисара и на Јавина при потокот Кисон:

10. кои загинаа близу Ен-Дор и станаа гној за нивите.

11. Направи ги нивните кнезови како Орив и Зив, сите нивни водачи нека бидат како Зевеј и Салман,

12. што викаа едногласно: „Да ги освоиме Божјите краишта!”

13. Дај, О Боже, да бидат како завиорен прав, како плева што ветерот ја носи.

Псалми 83