Псалми 83:3-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Се заверуваат против Твојот народ и се советуваат против Твоите штитеници.

4. Зборуваат: „Дојдете да ги истребиме, за да не бидат народ, нека не се спомнува повеќе името Израел!”

5. Навистина, едногласно се советуваат и склучија сојуз против Тебе:

6. Шаторите на Едом и Исмаилците, Моавците и Агарјанците,

7. Гевал, Амон и Амалик, Филистимците со жителите на Тир.

8. И Асирците се здружија со нив, им подадоа рака на Лотовите потомци.

Псалми 83