Псалми 81:4-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Зашто тоа е Израелев закон, заповед на Јакововиот Бог.

5. Таков закон му даде на Јосифа, кога излегуваше од Египетската Земја.

6. Чув таинствено шепотење: „Го ослободив од терет неговото рамо, рацете му се слободни од кошницата.

7. При тешкотија Ме повика, и Јас те избавив; Ти одговорив од громовниот облак; те искушав при Меривските Води.

8. Слушај, Мој народе, и Јас ќе те опоменам: о, да Ме послушаш, Израеле!

9. Да нема друг бог меѓу тебе, и не клањај се на друг бог!

10. Јас Сум Господ, твој Бог, Кој те изведе од Египетската Земја: отвори ја твојата уста и ќе ја наполнам!

11. Но Мојот народ не го слушаше Мојот глас, Израел не Ме послуша.

Псалми 81