2. Мртвите тела на Твоите слуги им ги дадоа за храна на небесните птици, месото на Твоите свети на земските ѕверови.
3. Им ја пролеваа крвта како вода околу Ерусалим, и немаше никој, за да ги погребе.
4. Станавме за срам пред своите соседи, присмев и ругање за сите околу нас.
5. До кога уште, Господи? Зар ќе се гневиш секогаш? Зар Твојата ревност ќе гори како оган?
6. Излеј го гневот врз незнабожците, што не Те признаваат, и врз царствата што не го повикуваат Твоето име!
7. Зошто го изедоа Јакова и го опустија неговото престојувалиште.