Псалми 78:29-35 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

29. Јадеа и се наситија, тој ја исполни нивната желба.

30. Уште не се беа откажале од својата лакомост и јадењето уште им беше во устите,

31. кога Божјиот гнев се распали на нив: ги покоси со смрт нивните прваци, и ги погуби Израелевите момчиња.

32. Покрај сè тоа, грешеа натаму и не веруваа во Неговите чудесни дела.

33. И им ги приврши дните со еден здив, и нивните години со ненадежен свршеток.

34. Кога ги убиваше, Го бараа, и пак прашуваа за Бога;

35. си спомнуваа дека Бог е нивна карпа и Сèвишниот нивен Откупител.

Псалми 78