Псалми 78:11-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Ги заборавија Неговите дела, чудата што им ги покажа.

12. Пред нивните очи правеше знаци во Египет, во Полето Зоан.

13. Тој го раздвои морето и ги преведе, ги издигна водите како насип.

14. Дење ги водеше со облакот, а цела ноќ со блескав оган.

15. Расцепи карпа во пустината и ги напои изобилно како од бездните.

16. Извади потоци од стената, и направи да протечат води како големи реки.

17. А тие продолжуваа да грешат, го огорчуваа Сèвишниот во пустината.

18. Го искушуваа Бога во своите срца, барајќи јадења за својата лакомост.

19. Зборуваа против Бога и прашаа: „Може ли Бог да стави трпеза во пустината?

20. Ете, Тој ја удри карпата, и водата потече и потоците се прелеваа: а може ли да даде леб и да му достави месо на Својот народ?”

21. Кога Господ го чу тоа, пламна со гнев: оган се распали против Јакова, гневот се разјари против Израела,

22. Зашто не Му веруваше на Бога, ниту се надеваа на Неговата помош.

Псалми 78