Псалми 74:9-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Не ги гледавме своите знаци, нема веќе пророци, и никој меѓу нас не знае до кога...

10. О Боже, уште до кога непријателот ќе се потсмева? Дали непријателот ќе го презира Твоето име довека?

11. Зошто ја повлекуваш раката и зошто ја криеш во крило Својата десница? Оттргни ја од своето крило, погуби ги!

12. Но, Бог е мој Цар од древноста, Тој, Кој спасува среде земјата!

13. Ти, со Својата сила, го расече морето, ги смачка главите на морските чудовишта, во водите.

Псалми 74