Псалми 74:14-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Ти му ги скрши главите на Левијатана! Го даде за храна на народите пустински.

15. Ти овозможи да потечат извор и буица, Ти ги пресуши непресушливите реки.

16. Денот е Твој и ноќта е Твоја, Ти ги зацврсти месечината и сонцето;

17. Ти ги создаде сите граници на земјата, Ти ги создаде летото и зимата.

18. Спомни си за ова: Господи, непријателите Ти се потсмеваа, и безумен народ го похули Твоето име.

19. Не предавај му го на јастребот животот на грлицата Твоја, и не заборавај го никогаш животот на Твоите сиромаси!

20. Погледај на Својот Завет, зашто темните катчиња на земјата се полни со живеалишта на насилства.

21. Не оставај угнетуваниот да замине засрамен: нека бедниот и немоќниот Го фалат Твоето име!

Псалми 74