Псалми 73:7-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Од здебеленоста им испакнуваат очите, таа се прелева во срцето.

8. Тие се потсмевнуваат и зборуваат злобно, со насилства се закануваат одозгора.

9. Со устата се нафрлаат врз небото, а нивниот јазик ја обиколува земјата.

10. Затоа мојот народ се враќа и пие изобилно вода,

11. Па велат: „Од каде знае Бог? Сознава ли Сèвишниот?”

12. Ете, такви се грешниците: секогаш спокојни, збираат богатство.

13. И така, дали само јас го чував напразно моето срце чисто и ги миев рацете во невиност.

14. Кога примав удари секој ден, и казна утро по утро?

Псалми 73