Псалми 71:14-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. А јас ќе се надевам секогаш, ќе Те фалам сè повеќе, и повеќе.

15. Со устата ќе ја проповедам Твојата правда, постојано Твоето спасение, зашто не им го знам бројот.

16. Ќе раскажувам за Господовата сила, Господи, ќе ја славам само Твојата праведност.

17. Боже, Ти ми беше учител од мојата младост, и сè досега ги разгласувам Твоите чудеса.

18. Ни во староста, кога ќе обелам во косата, Боже, не ме оставај; за да раскажувам за Твојата мишка на идното поколение и на сите идни поколенија, за Твојата сила.

19. И за Твојата праведност, Боже, што стига до небото, со која направи големи дела. Боже, кој е како Тебе!

Псалми 71