Псалми 7:3-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Господи, Боже мој! Ако јас го направив тоа, ако има неправда во моите раце,

4. ако му вратив со зло на оној, што беше во мир со мене; или го ограбив оној, кој ме гони без причина;

5. тогаш нека непријателот ја подгони мојата душа и нека ја стигне; и нека го згази животот мој на земјата, и ја повали мојата чест во прашина.

6. Стани, Господи, во Својот гнев; крени се против јароста на моите противници, и разбуди се заради мене, Ти, Кој го одреди судот.

Псалми 7