Псалми 69:7-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Зашто заради Тебе, претрпев навреда и срам ми го покри лицето.

8. Туѓинец им станав на браќата и странец на децата на својата мајка.

9. Зашто ме изеде ревноста за Твојот Дом и навредите на оние, што Те навредуваат Тебе, паднаа на мене.

10. Душата ја измачував со пост, ми се сврте на срам.

11. Зедов вреќа за облека и им станав приказ.

12. Кои седат пред вратата, зборуваат против мене, пијаниците ми пеат шеговити песни.

Псалми 69