Псалми 66:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За началник на пејачи. Песна. Воскликни му на Бога, сета земјо,

2. опеј ја славата на Неговото име, подај Му достојна фала.

3. Речете на Бога: „Колку се страшни Твоите дела! Непријателите Ти ласкаат, заради Твојата голема сила.

4. Целата земја нека Ти се поклонува и нека Ти пее, нека Му пее на Твоето име!”

5. Дојдете и видете ги Божјите дела: направи чуда меѓу човечките синови.

6. Тој го претвори морето во суво копно, со нозете ја пребродија реката, заради тоа да Му се радуваме!

Псалми 66