Псалми 62:7-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Во Бога е моето спасение и слава; Бог ми е силна карпа и прибежиште.

8. Надевај се на Него, народе, во секое време, излевајте ги срцата пред Него: Бог е наше засолниште!

9. Синовите на луѓето се суетни, лага се човечките синови: Сите да застанат на мерилка, ќе бидат полесни од суетата.

10. Не се надевајте на насилие, ниту се фалите суетно со ограбеното; ако ви се зголеми богатството, вашето срце нека не се прилепи кон него.

Псалми 62