4. Им даде знаме на оние кои се бојат од Тебе, за да избегаат пред непријателскиот лак.
5. За да се избават Твоите возљубени, помогни со Твојата десница, послушај ме.
6. Бог рече во Своето Светилиште: „Ќе го поделам Сихем со радосни извици, ќе ја измерам долината Сокхот.
7. Мој е Галад, Мој е Манасиј, Ефрем Ми е кацига, - Јуда Мој жезал.
8. Моав е сад од кого се мијам, врз Едом ќе ги фрлам Моите обувки, ќе славам победа над Филистејците!”
9. Кој ќе ме доведе до утврдениот град? Кој ќе ме доведе до Едом?
10. Зар не Ти, Боже, што нè отфрли? Зар повеќе Боже, не ќе излегуваш со нашите чети?