Псалми 50:9-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Не ќе земам јунец од твојот дом, ни јарци од твоите трла:

10. зашто се Мои сите горски животни, илјади ѕверови по Моите ридишта.

11. Ги знам сите горски птици, Мое е сè што се движи по полињата.

12. Кога би огладнел не би ти рекол, зашто моја е земјата и сè што ја исполнува.

13. Зар јас да јадам биковско месо, или да пијам јаречка крв?

Псалми 50