Псалми 44:21-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. зар Бог не би научил за тоа? Зашто Тој ги знае тајните на срцето!

22. Но заради Тебе нè убиваат ден по ден, и ние сме им како овци за колење.

23. Разбуди се! Зошто спиеш Господи? Стани! Не отфрлај нè довека!

24. Зошто го криеш Своето лице, ги забораваш нашата беда и неволја?

25. Зашто нашата душа се распадна во прав, утробата ни се долепи до земјата.

Псалми 44