8. Избави ме од сите мои беззаконија, не оставај да му бидам за потсмев на безумниот!
9. Молчам и не ја отворам устата, зашто Ти направи така!
10. Отстрани го од мене Твојот бич, зашто издивнувам под тежината на Твојата рака.
11. Ти го поправаш човекот со казна, и сè што му е најмило го расипуваш како молец; навистина, секој човек е суетен.
12. Послушај ја, о Господи, мојата молитва, послушај ги моите повици, не премолчувај на моите солзи! Зашто сум придојденец кај Тебе, како сите мои татковци.