Псалми 39:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За началник на пејачи: Једутун. Давидов псалм. Одлучив: „Ќе го чувам мојот пат, за да не згрешам со јазикот; ќе ја зауздам мојата уста, додека е нечестивиот пред мене!”

2. Онемев, замолкнав, не пуштав глас дури и од доброто - болката ми стана погорчлива.

3. Срцето пламна во мене, при сама помисла избувнуваше оган; тогаш проговорив со мојот јазик!

4. Кажи ми го, Господи, мојот крај, и колкав е бројот на моите денови, за да знам колку сум ништожен.

Псалми 39