Псалми 37:36-40 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

36. Поминав и ете - го нема веќе; го побарав, и не го најдов.

37. Набљудувај го чесниот и гледај го непорочниот; миротворецот има потомство.

38. А сите грешници ќе бидат откорнати, ќе биде истребено злочинечкото семе.

39. Од Господа доаѓа спасение на праведните, Тој им е засолниште во лоши времиња.

40. Господ им помага, Тој ги избавува: Тој ќе ги избави од нечесните и ќе ги спаси, зашто кај Него бараат прибежиште.

Псалми 37