Псалми 34:2-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Мојата душа ќе се фали со Господа: нека го чујат тоа скромните и нека се радуваат!

3. Величајте Го Господа со мене, заедно да Го возвишиме Неговото име!

4. Го барав Господа и Тој ме послуша, ме избави од сите мои стравови.

5. Погледнаа во Него и им светна пред очите, и не ќе се засрамат лицата нивни!

6. Бедниот вика, и Господ го чу, го избави од сите негови неволји.

7. Господов ангел се настанува околу оние што се бојат од Него, и ги избавува.

8. Вкусете и видете колку е добар Господ: блажен е човекот, кој се надева на Него!

9. Бојте се од Господа, вие Негови свети, зашто нема скудност за оние што се бојат од Него.

10. Младите лавови трпат беда и гладуваат, а кои Го бараат Господа не трпат оскудица.

11. Дојдете, чеда, и послушајте ме, ќе ве научам на страв од Господа.

12. О, човеку! љубиш ли го животот? Сакаш ли многу денови, за да видиш добро?

Псалми 34