Псалми 22:27-31 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

27. Ќе си спомнат и ќе се обратат кон Господа сите земни краишта; и пред Него ќе се поклонуваат сите племиња на народите.

28. Зашто Царството е Господово, Тој е владетел над народите.

29. Сите богати на земјата ќе јадат и ќе почитуваат; пред Него ќе се поклонат сите, што слегуваат во правта, а што не можат да ја запазат својата душа во живот.

30. Потомството ќе Му служи Нему. Ќе му се раскажува за Господа на идното поколение.

31. Ќе дојдат и ќе им раскажуваат за Неговата правда, на луѓето кои ќе се родат: „Господ го направи ова!”

Псалми 22