Псалми 22:14-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Се разлеав како вода, ми се разглобија сите коски; моето срце стана како восок, се растопи во мене.

15. Мојата сила се исуши како црепна, и мојот јазик се залепи до непцето; Ти ме фрли во смртниот прав.

16. Кучињата ме опколија; лукав народ ме опкружи. Ги прободија моите раце и моите нозе.

17. Можам да ги пребројам сите свои коски, а тие ме гледаат и ме презираат.

18. Ги поделија моите облеки меѓу себе, и жрепка фрлаа за мојата облека.

19. Но, Ти, Господи, да не се оддалечиш, о моја сило, побрзај ми на помош!

Псалми 22